„Во однос на грабежот во Гостивар, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта и утрово издава повеќе наредби и насоки со цел откривање на сторителите“, велат од Јавното обвинителство.
Синоќа во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Според првичните неофицијални информации, неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец.






