„Постојат ризик фактори за појава на мозочен удар, од кои што некои можеме да ги промениме, тоа се модифицирачки, но некои не. Од немодефицирачките е возрасната група со пикот на 55 годишна возраст до 69, меѓутоа пикот е 55 годишна возраст. Најмладиот пациент што сме го имале е околу 30 годишна возраст, меѓутоа зависи и од карактерот на мозочниот удар. Исто така, битен фактор е и полот, а мажите се повеќе изложени за можности на добивање на мозочен удар, а исто така и фамилијарната анамнеза. Други фактори на кои можеме да влијаеме и кои што можеме да ги редуцираме со цел да го намалиме ризокот за мозочен удар е регулација на кардиоваскуларните ризик фактор, како висок крвен притисок, шеќер во крвта, зголеменото ниво на масти во крвта, како и намалување на злоупотребата на пушење и алкохолни пијалоци“, вели Јовева.
Таа додава дека денешниот ритам и начин на живот многу придонесува за мозочен удар, како што се седење, стрес и лоша исхрана се клучни ризици. Јовева рече дека според американските истражувања, на секои четири секунди некој доживува мозочен удар, а на секои четириесет минути некој го губи животот од мозочен удар. „Тоа ни ја кажува сериозноста за акутната состојба на мозочниот удар“, рече Јовева.
Бројот на мозочни удари расте, а лекарите и понатаму алармираат дека ризикот не треба да се игнорира. Навремена грижа за здравјето и следење на ризик-факторите може да спаси животи.






