недела, 14 декември 2025

Сѐ уште трае увидот по филмскиот грабеж на златарница во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар во текот на ноќта и утрово издава повеќе наредби и насоки со цел откривање на сторителите по синиќешниот филмски грабеж на златарница во Гостивар, информираа утрово од Јавното обвинителство (ЈО).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на грабежот во Гостивар, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта и утрово издава повеќе наредби и насоки со цел откривање на сторителите“, велат од Јавното обвинителство.

Синоќа во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Според првичните неофицијални информации, неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ