Вчера наутро кај Зрновска река беше пронајден женски обезглавен труп во распаѓање. Анализите треба да покажат дали деловите од телото што недостасуваат се отсечени или пак по смртта животни го распарчиле телото.
Од Институтот за судска медицина велат дека извештајот најдоцна до утре ќе биде испратен до обвинителството.
На листата на исчезнати лица на МВР има дваесетина жени по кои се трага со години.
Вчера долж коритото на Зрновска река полицајци и пожарникари го пребаруваа теренот за дополнитлени докази.






