петок, 3 април 2026

Сѐ уште активен е пожарот кај Долнени

На територијата на Македонија денеска до 10 часот регистрирани се 10 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Кај селото Стровија, Општина Долнени, гори нискостеблеста шума.
Под контрола е пожарот на територијата на Општина Берово, на планината Готен кон Малешевските планини, каде гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Изгаснати се осум пожари на териториите на општините  Кичево, Куманово, Липково, Чашка, Ресен Битола, Гевгелија и Струга.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ