петок, 9 јануари 2026

Рудникот САСА обезбеди празнична поддршка за вработените и за локалната заедница  

Во периодот на новогодишни и божиќни празници, продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција на грижа и солидарност, рудникот САСА, самостојно и преку својата Фондација, реализираше повеќе активности со цел да им донесе празнична радост и конкретна поддршка на своите вработени и на пошироката локална заедница во Македонска Каменица.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како дел од традиционалните празнични активности беа обезбедени 57 ќебиња за згрижените лица во Дневниот центар за лица со посебни потреби и за членовите на здружението Порака во Македонска Каменица. Дополнително, во соработка со општината, за 220 семејства од социјално ранливи категории во локалната заедница беа донирани пакети со храна, со што беше обезбедена значајна помош за оние на кои таа им е најпотребна во овој период од годината.

Посебно внимание, како и секоја година, беше посветено и на најмладите. Фондацијата на САСА обезбеди 160 новогодишни пакетчиња за децата кои ја посетуваат детската градинка „Бамби“, како и 431 пакетче за учениците во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Пакетчињата содржат производи на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, чиј производствен погон пред неколку месеци беше зафатен од пожар, во знак на солидарност и поддршка за закрепнување на компанијата по овој настан.

Продолжувајќи ја воспоставената празнична традиција на благодарност и почит, САСА обезбеди и подарок и свечена вечера за членовите на дежурните тимови во службите за итна медицинска помош, противпожарната единица, полицијата, како и за вработените во САСА кои работеа на новогодишната ноќ.

Покрај активностите насочени кон локалната заедница, на сите вработени во САСА им беше исплатен празничен паричен надоместок, како и пригoден новогодишен подарок, како израз на благодарност за нивната посветеност, одговорност и професионален ангажман во текот на целата година.

„Овие активности се дел од традицијата што рудникот САСА со години ја негува како одговорен член на заедницата. И покрај предизвиците со кои се соочувавме во текот на годината, рудникот изнајде сили и можности да продолжи да вложува во луѓето, во нашите вработени и во заедницата во која живееме и работиме. Веруваме дека токму во празничните денови солидарноста и грижата имаат посебно значење“, велат од менаџментот на САСА, честитајќи им ги празниците на сите вработени и членови на заедницата со желби за добро здравје, успех и среќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ