вторник, 9 декември 2025

Рударските комплекси Бучим и Боров Дол се споија

Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат како еден правен субјект.

Објавено на

часот

Сподели

„Со ова се зацврстува единствениот оперативен и управувачки модел, што ќе придонесе за уште поголема ефикасност и транспарентност во работењето на компанијата во целост.
Присоединувањето претставува стратешки чекор што овозможува поефикасно планирање и управување со ресурсите, унапредени процеси и појасна корпоративна структура, подобрена усогласеност со меѓународните стандарди и ESG принципите, зголемена транспарентност и стабилност во работењето, како и следење на единствена долгорочна визија за развој на целиот комплекс. Присоединувањето не подразбира никаква промена во управувачката структура. Условите на воспоставените партнерства, договорните односи и обрвски со добавувачи, институции и други заинтересирани страни, остануваат непроменети“, соопшти Бучим.

Во изминатите денови беше спроведена стандардната административна постапка за техничкиот пренос на сите вработени во рамките на единственото правно лице. Од Бучим истакнуваат дека статусот и сите бенефиции на вработените останаа непроменети.

„Присоединувањето на Боров Дол кон Бучим ни овозможува да работиме како единствен систем, во рамки на нашата групација, со зајакнати операции и повисок степен на координација. Ова претставува значаен чекор кон модернизација, континуирано подобрување и понатамошно унапредување на одржливото рударство во регионот“, изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Бучим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ