Од РСБСП информираат дека се очекува зголемување на интензитетот на сообраќајот, особено на патните правци кои водат кон туристичките места каде традиционално се одбележува празникот. Поради зголемената фреквенција на возила и можните неповолни временски услови, потсетуваат на потребата од: почитување на сообраќајните правила и прописи, прилагодување на брзината на движење според состојбата на патиштата и временските услови, да не се управува со возило под дејство на алкохол или други психотропни супстанции, навремено информирање за состојбата на патиштата и временската прогноза пред и за време на патувањето, соодветна подготовка на возилата за патување на зимски услови и задолжително поседување на пропишана зимска опрема во возилата, зголемена внимателност кон пешаците, велосипедистите и другите ранливи групи на учесници во сообраќајот.
„Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас. Со одговорно однесување, почитување на правилата и прописите, меѓусебна толеранција, секој од нас може да придонесе за побезбедни патишта и зачувување на човечки животи. РСБСП посакува среќни празници и безбедно учество во сообраќајот „Празнувај одговорно, пристигни безбедно – секој живот е важен“, се наведува во соопштението.






