Со цел безбедно пристигнување на саката дестинација, РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината на движење согласно состојбата и условите на патот, да користат сигурносен појас, да не консумираат алкохол доколку планираат да возат, да ја проверат техничката исправност на возилото и истото да го подготват за патување во зимски услови, да ја поседуваат пропишаната законска зимска опрема и навремено да се информираат за состојбата на патиштата.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потсетува дека празниците се време за создавање спомени и доживувања, семејни средби и дружење, а не време за непромислени одлуки кои може да завршат фатално.
„Наша заедничка цел е секој граѓанин да пристигне безбедно на саканата дестинација. Возете внимателно – секој живот е важен!“, апелираат од РСБСП.






