петок, 10 април 2026

РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на велигденските празници

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност особено во деновите од велигденските празници, кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај особено кон туристичките места.

Објавено на

часот

Сподели

Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.

„Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот. Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен:  Почитувајте ги прописите и правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација. Не управувајте возило под дејство на алкохол – алкохолот и воланот никогаш не одат заедно.  Бидете трпеливи покажете култура и етика во сообраќајот. Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас.  Не користете мобилен телефон додека учествувате во сообраќајот.

Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото. Да ги поминеме празниците безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла : Секој живот е важен!“, порачуваат од РСБСП.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ