петок, 6 јуни 2025

„Розите што зборуваат на јазикот на Европа” – приредба во Пустец

Под мотото „Розите што зборуваат на јазикот на Европа“ денеска во Пустец беше одржан настан во рамки на Европската недела.

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Пустец во соработка со училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ организираше едукативна и симболична активност: „Паркот на европските рози“, со финансиска поддршка од Европската Унија, спроведена преку проектот EU4GoodGovernance“, објави општина Пустец на официјалната Фејсбук страница.

Во дворот на училиштето беа засадени 28 рози,  по една за секоја земја членка на ЕУ и една за Албанија како земја кандидат.

„Паркот на европските рози, ќе остане симбол на посветеноста кон европските вредности и едукативен простор за идните генерации“, изјави Пали Колефски, градоначалник на општината.

На настанот присуствувале Кристина Вредберг, раководител на проектот за техничка асистенција на ЕУ за добро управување, Висар Силај, менаџер на проект во Агенцијата за поддршка на локалната самоуправа, како и ученици и наставниот кадар од  училиштето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ