понеделник, 8 декември 2025

Романска армиска делегација во посета на АРМ, потврдено високо ниво на соработка

Делегација на Oружените сили (OС) на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на OС, генерал Георгита Влад, од денеска до 4 септември, престојува во официјална посета на Армијата на Република Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

На официјалната средба помеѓу началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и генералот Влад беше потврдена соработката помеѓу двете армии, што во текот на изминатата и оваа година се оценува како исклучително добра и на високо ниво. Посебно беше нагласена успешната соработка на полето на обуката и вежбите реализирани во рамките на иницијативата Б-9, како и во рамките на билатералните и регионалните активности, нагласуваат во денешното соопштение од Генералштабот.

За време на официјалниот состанок, романската делегација била запозната со трансформацијата на Армијата, учеството на Армијата во меѓународни мисии на НАТО, ОН и ЕУ, како и капацитетите на армискиот полигон „Криволак“. Дополнително се разговарало за заемна поддршка при исполнување на НАТО – целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и можноста за унапредување на билатералната соработка, вклучувајќи ја и соработката во областа на специјалните сили.

„Во рамки на посетата, генералот Влад оствари средба и со министерот за одбрана Владо Мисајловски на која се разговараше за посветеноста на двете земји во зацврстувањето на источното крило на НАТО, за безбедносната состојба во регионот, како и за можностите за развој на билатералната соработка. Министерот Мисајловски во оваа прилика ја нагласи исклучително интензивната одбранбена соработка благодарение на која се зајакнува интероперативноста помеѓу двете сојузнички армии и додаде дека македонските припадници, како и досега, ќе продолжат со својот придонес како дел од НАТО мултинационалните сили во Романија“, истакнуваат од Генералштабот.

Покрај официјалните средби, во текот на денешниот ден, како што е најавено, романската делегација ќе го посети и баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ во Скопје, каде, како што се наведува во соопштението, ќе биде запозната со мисијата, опремата и вооружувањето со што располага баталјонот и ќе присуствува на методско-показна вежба, организирана од единицата.

„Во текот на утрешниот ден, романската делегација, во касарната ‘Боро Менков’ во Куманово, ќе присуствува на свечената церемонија за примопредавање на должноста на Политичко-воено- управувачкиот комитет и Координативниот комитет на СЕДМ, како и на одбележувањето на 26 години од формирањето на бригадата за Југоисточна Европа (SEEBRIG)“, посочуваат од Генералштабот.

Се нагласува дека соработката помеѓу Армијата и ОС на Романија се оценува на високо ниво.

“Оваа соработка е надградена во ноември 2023 година со учество на Армијата со свои сили во Романија во рамките на НАТО и тоа, Активноста за зголемена будност – enhanced Vigilance Activity – eVA Battlegroup Initial Operational Capability (денес тоа е во рамките на НАТО активноста „Зајакнати истурени сили“ – Forward Land Forces) и ангажманот на штабен офицер во Мултинационалниот корпус Југоисток (MNC-SE) во Букурешт. Овие активности претставуваат цврста основа за натамошно продлабочување и развој на партнерството меѓу двете армии“, потенцираат од Генералштабот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ