Конференцијата ги отвори прашањата што се важни и за македонскиот пазар: Како да се гради успех преку доверба? Како да се задржи човечкиот фокус во дигитална ера? И како секоја иновација, секој нов клиент претставува дел од поголема, долгорочна стратегија?

„Присуството на колеги од повеќе држави од групацијата, беше потсетник дека културните и пазарните разлики не се пречка, туку предност. Кога има меѓусебна поддршка и искрена соработка, резултатите не само што се подобри, туку и потрајни.
FlexCredit во регионов не е само финансиска институција. Тоа е тим што дише како едно. И токму затоа извонредноста не е случајност, туку избор, направен секој ден, од секој член на оваа приказна, која не потсети дека вистинскиот успех секогаш започнува со луѓето“, изјавија од Флекс кредит Македонија.






