среда, 11 февруари 2026

Рокас: Работите во борбата со корупцијата се движат во вистински правец

Евроамбасадорот Михалис Рокас од тетовско Боговиње, одговорајќи на новинарски прашања поврзани со борба против корупцијата, оцени дека движењата во оваa област се насочени кон определената цел. Тој оцени дека борбата против корупцијата со измените на Кривичниот законик во 2023 година била сериозно погодена, но смета дека сега има вистинска насоченост.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека ова прашање мора да се адресира, веќе имаше иницијатива од страна Собранието на земјата. Всушност, некои амандмани и дополнувања беа усвоени. Меѓутоа, овие новоусвоените амандмани и дополнувањата на Кривичниот законик сè уште не се доставени до Европската комисија за нејзина оценка. Од друга страна, имаше нова комисија или комитет за финансиски истраги, за конфискација на имот, која беше формирана минатата недела. Навистина формирањето ваква комисија или тело беше навистина охрабрувачки да се види, така што мислам дека работите одат во вистински правец“, истакна Рокас.

Евроамбасадорот рече дека се сретнал со претседателот на Комисијата за спречување на корупцијата, која исто така му дава надеж дека работите се движат во вистински правец.

„Тие имаат усвоено работен план, кој мислам дека е сеопфатен. Така што мислам дека исто така многу работи треба да се испорачуваат, особено во врска со владеењето на правото. Мислам дека сите овие работи треба да се случуваат паралелно и да се надеваме дека ќе се даде вистинскиот придонес за да се адресираат сите овие прашања, така што мислам дека, имајќи ги предвид сите овие случувања, работите одат во вистински правец“, истакна Рокас.

За полагањето на правосудниот испит на албански јазик, Рокас рече дека е информиран и порача да се почитува Уставот, без политизирање.

„Очигледно дека Уставот и националното законодавство треба да се почитуваат. Се разбира, кога такви прашања се појавуваат, мора да се води инклузивен дијалог со сите фактори. Се разбира, без никакво политизирање на ваквото прашање“, рече Рокас.

На прашањето за оцена на процесот за уставни измени во насока на интегрирање на Македонија кон ЕУ, Рокас потсети на посетата на лидерите на ЕУ и нивната единствена порака дека вратите на Европската Унија се ширум отворени за Република Македонија и дека државата припаѓа на големото европско семејство.

„Така што ние сме спремни, ние сме понудиле секаква помош, дури ако е потребно, и мерки за изградба на довербата или какви било активности или можеби идеи што ќе произлезат сè со цел да може да се изгради довербата, да може да ги отвориме пристапните преговори за членство на земјата во Европската Унија. Позицијата, ставот на Европската Унија е целосно јасен и таа позиција веќе датира од 2022 година година и исто така имаше јасна определба од страна на земјите, која уште тогаш беше преземена. Така што мислам дека сите инструменти се таму, сè со цел да може да ги отвориме пристапните преговори“, истакна Рокас.

Амбасадорот на Европската Унија, Рокас, ја посети Општина Боговиње како дел од иницијативата за информирање на јавноста за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата почна со средба на амбасадорот и градоначалникот Фети Абази и членовите на општинскиот совет.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ