На прашањето да го коментира случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, евроамбасадорот Рокас рече дека во принцип ЕУ не се меша во правосудните одлуки. Но, додаде, будно се следат измените во Кривичниот законик и најавата на новите 30-ина закони што потоа ќе се мониторираат.
„Европската Унија никогаш не ги коментира ваквите случаи, кои се поврзани со имплементација на самото законодавство. Но, нашиот став секогаш е дека сите треба да бидат еднакви пред законот, пред правото. Владеењето на правото треба да се спроведува еднакво и не треба да има никаква политизација или вмешување во спроведување на правото ниту во поединечни ниту во сите случаи. Што се однесува до владеењето на правото и борбата против корупцијата, веќе може да видиме дека тековно се спроведуваат многу активности. Имаме информации дека Министерството за правда во моментот работи на изготвување 30-ина закони и, се разбира, се надеваме дека клучните прашања, поврзани со Кривичниот законик ќе може набргу да бидат спроведени со цел да може да се подобри и борбата против корупцијата. Ние сме во исчекување на сеопфатен и добар Кривичен законик и сум охрабрен од забрзаната работа што се прави за да се изготват овие закони. Ќе видимке како се одвива сето тоа и, се разбира, ќе го мониторираме спроведувањето на законите“, изјави Рокас.
Што се однесува до процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, Рокас рече дека тој е дефиниран во договорите на Европската Унија.
„Не постои такво нешто кое би предвидувало во тие договори дека ќе може да предвиди за секоја успешна земја што ќе ги исполни условите за членството во ЕУ да го нема, на пример, правото на глас или, пак, да го нема правото на вето. За секоја промена треба да се согласат сите членки на Европската Унија. Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало во тие договори дека втората година ќе може да предвиди за секоја успешна земја што ќе ги исполни условите за членството во ЕУ да го нема, на пример, правото на глас или, пак, да го нема правото на вето. Ако такво нешто се променим се разбира дека тоа тогаш би предвидувало промена на постојните договори на ЕУ, која, од друга страна, за да се променат тие договори, тоа би значело едногласност од сите членки на Унијата. Во моментот постои политичка дебата во ЕУ и во регионот тука во врска со тоа за напорите на Европската Унија како, всушност, во таков случај би ги третирало, ако има, 4-5-6 успешни земји кандидати и што би значело нивното примање во ЕУ. Истовремено, Европската Унија се обидува да даде итни одговори и на постојните светски предизвици. Така што, постои дебата во рамките на Европската Унија во сите области. Меѓутоа, за овој момент,= договорите на ЕУ се такви какви што се и остануваат. Сега голем и врвен приоритет за вашата земја е да продолжи со имплементација на реформите, што, всушност, е јасен пат за имплементација на реформите за Република Северна Македонија“, изјави Рокас одговарајќи на новинарското прашање која е можноста да се остварат изјавите на премиерот Мицкоски дека е можно Западен Балкан и Украина да влезат во Европската Унија како некаква комбинација, но без право на глас.
МИА






