недела, 14 декември 2025

Родовата нетрпеливост со која се соочуваат жените на јавни позиции влијае врз нивниот целокупен живот

Родовата нетрпеливост со која се соочуваат жените на јавни позиции влијае врз нивната професионална положба, продуктивноста во работата и кариерата,  психичката благосостојба и здрвјето, а недовербата во институциите за решавање и недостатокот на санкции го продлабочуваат проблемот, информираа од здружението „Журналист“ на прес конференција во Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Според Жанета Здравковска, новинарка и членка на „Журналист“, истражувањето на тема „Гласно за гласните“ е проект поддржан од Општина Битола и е извршено со цел да се утврди со какви притисоци се соочуваат жените на јавни позиции, и како се справуваат со нив.

„Според нашата анкета, 86 насто од испитаничките одговорија дека се соочиле со родова нетрпеливост и тоа го доживеале преку напади на социјалните мрежи. На 44 проценти од испитаничките им била потценета стручноста во нивниот кариерен развој, а 38 отсто признаа дека им биле упатувани сексуални коментари. Најчесто родовата нетрепеливост била изразена преку вербални напади, а од вербалните навреди на прво место се омаловажувањата на стручноста на жените, на второ моралните навреди, а на трето клеветите“, изјави Здравковска.

Во изјава за медиумите, Здравковска посочи дека родовата нерпеливост изразена преку закани или говор на омраза  и напади на социјалните мрежи предизвикува психички стрес кај 58 проценти од анкетираните.

„Интересно е што девет жени побарале лекарска помош. Кај 36 проценти однесувањето им ја намалило продуктивноста на работните места. Но, ја зголемило мотивацијата да останат вклучени во јавниот живот и на раководни места“, нагласи Здравковска и додаде дека жените на јавни позиции избегнуваат да пријават случаи на родова нетрпеливост  поради недоверба во институциите и мислење дека нема да има ефект.

Во истражувањето „Гласно на гласните“ реализирано од битолското здружение „Журналист“ се посочува дека од  вкупно 10 случаи на пријавена дискриминација, само 3 резултуирале со санкција, што претставува сериозен проблем во спроведувањето на законските механизми и затоа бараат донесување на строги закони против дискриминација и сексуално вознемирување со реални санкции за прекршителите, но и јавно зборување за нападите и јавно кажување на лицата кои вршеле напади со име и преземе за што поддршка ќе добијат од професионалните новинари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ