Таткото на Фатон, јавно изрази сочувство на семејството на починатиот, со кои, како што рече, се обиделе да стапат во контакт, но не биле примени. Тој ја смета казната за својот син за неправедна, бидејќи настанот бил несреќа, немало намера, и апелира до правосудните органи да не судат со навреда или под влијание.
На протестот беше кажано дека Албанците се казнуваат сурово и дека ова е неправда кон Албанците.
Од Кривичниот суд денеска реагираа со соопштение во кое велат дека пресудата е донесена откако обвинетиот признал вина во присуство на адвокат. „Судот одлучува врз основа на доказите и во рамки на законските одредби, а обвинетиот има право на жалба до Апелацискиот суд. Изразувањето незадоволство преку јавни собири е легитимно право на секој граѓанин, но каков било обид за притисок не смее и нема да влијае врз независното судско одлучување. Судскиот систем предвидува правни механизми за незадоволните страни. Секоја странка што смета дека висината на изречената санкција не соодветствува со делото има право на жалба до повисокиот суд. Тоа е единствениот легален пат за преиспитување на една пресуда“, се вели во реакцијата од Кривичниот суд.
На 1 јули 2025 година, 25-годишниот Фатон Лури, управувајќи мотор „кавасаки“, без возачка дозвола и без кацига, на пешачката патека на Кејот на Вардар го прегази 68-годишниот Николовски. Според истрагата, по несреќата тој бил во бегство два дена.






