„Зошто правевте обдукција ако не е завршена работата целосно, кого штитите? Државата ли, институциите ли, министерствата ли? Ова е прашање на човечност, професионалност и одговорност кон семејствата кои изгубија сѐ. Ова е неприфатливо сокривање информации од семејства кои имаат право на вистина. Ако наредните три дена не добиеме писмен сеопфатен одговор, ќе дојдеме пред Судска медицина и нема да си одиме додека не ни ја дадете вистината што ни ја должите“, на 16 март Алекандар Наунов, претседателот на Здружението на граѓани.
Родителите од Кочани во Судска медицина по одговори за наодите во крвта на нивните деца
Пред канцеларијата на Александар Станков, директорот на Институтот за судска медицина, утрово дојдоа група родители од Кочани чии деца загинаа во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Тие бараат одговори за токсиколошките анализи што се правени и дали се испитувало присуство на цијанид во крвта.

Објавено на
часот





