Средбата е од затворен карактер и на медиумите не им е дозволен пристап во салата на Мултикултурниот центар во Кочани каде влегоа четриесетина родители и блиски на починатите.
Во обраќањето на маршот пред зградата на Основното јавно обвинителство, семејствата на починатите во трагичниот пожар истакнаа дека тие не се правници и не го разбрале обвинението против осомничените. Нагласија дека како директно засегнати од трагедијата, од суштинска важност е целосно и детлано да бидат информирани за истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт. Побараа Обвинителствотo да ги информира кои физички и правни лица се опфатени со обвиненито и против кого ќе се продолжи постапката, а кои лица и зошто се изземени од одговорност.