За Лидија оваа добивка е сосема неочекувана. Иако досега добивала само помали парични износи, сепак, никогаш не се откажала од потрагата по среќните добивки и забавата што инстант лозовите ја нудат. Таа ни кажа дека оваа добивка со радост ќе му ја отстапи на својот внук.
Добитниот инстант лоз го купила од продажното место на Државна лотарија во Скопје сити мол каде што често уплаќа и Лото 7 при дневните прошетки.
Инстант лотаријата на Државна лотарија досега, ширум Македонија, подели над 200 автомобили од различни инстант лозови. Добивката на Лидија Перовиќ е втора од инстант лозот „Титаниум“, по првата доделена во Штип на Радица Станкова.