Со мрежа од над 800 рути кои опслужуваат речиси 200 дестинации во повеќе од 50 земји,авиокомпанијата го одбележува овој значаен момент со кампања што ја одразува нејзината долготрајна посветеност на достапни, персонализирани и вредносно ориентирани патувања.
Од својот прв лет во 2004 година од Катовице до Лондон Лутон, Визер пренесе над 437,7 милиони патници, со поддршка од 33 бази во 16 земји, модерна и ефикасна флота од 232 авиони Airbus (66% со нео технологија) и просечна старост на авионот од само 4,66 години – една од најмладите во индустријата.
Оваа промоција исто така ja одразува иницијативата „Customer First Compass“ на авиокомпанијата, која го води секој аспект од патувањето преку четири клучни столба: производ, цена, услуга и комуникација. Со инвестиција од 14 милијарди евра во следните три години, Визер продолжува да се развива заедно со потребите на своите патници, нудејќи ниски цени, поголема флексибилност, непречено искуство и посветена услуга во секој чекор од патувањето.
“Нашиот роденден не е само прослава за нас. Тоа е искрена благодарност до милионите патници кои патувале со Визер од нашиот прв лет. Ова неверојатно патување беше возможно само благодарение на довербата, ентузијазмот и лојалноста на нашите патници низ Европа и пошироко. Без разлика дали планирате викенд патување, посета на семејството или откривање нова дестинација, сакаме да бидеме дел од вашето патување. Со нашата проширена мрежа, модерна флота и нов фокус на персонализација преку нашата иницијатива „Customer First Compass“, сме посветени на тоа патувањето да биде подостапно, поудобно и прилагодено за вас. Оваа прослава е за нашите патници – сегашни и идни – и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме на летот,“ изјави Оливија Харангозо, менаџерка за корпоративни комуникации во Визер.
Со повеќе од 29 рути до и од Македонија, Визер продолжува да го зацврстува своето присуство во земјата. Само во 2024 година, авиокомпанијата реализираше речиси 11.000 летови до/од Македонија и пренесе речиси 15 милиони патници од почетокот на своето работење. Визер моментално има една база во Македонија – во Скопје. Летната програма за 2025 година вклучува проширен избор на дестинации и зачестеност на летови, овозможувајќи им на македонските патници полесно од кога било да ја истражуваат Европа и пошироко по ниски цени.