Падот на цената во некои маркети беше забележан и пред Нова година, а денес на повеќето продaжни места.
„Не станува збор за владина мерка, туку за движењата на пазарот. Имаме податоци од Државниот пазарен инспекторат дека по Нова Година има намалување на цената на јајцата во малопродажбата. Тоа главно се должи на стабилизацијата на цените за храна во живинарските фарми, а и надминат е пробемот со птичји грип во Европа. Тоа е една од основните причини за намалувањето на цената на јајцата. Очекуваме во наредниот период да се стабилизира цената на јајцата во маркетите и во продавниците и тоа би траело до велигденските празници, кога традиционално се зголмува побарувачката. Ние сме пазарна економија, односно понудата и побарувачката ја регулираат цената и на јајцата“, изјави Ристески.
Во ноември имаше ценовен скок поради недостигот од јајца во околните земји и во Европа.






