Ова го истакна денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во Кавадарци, одговарајќи на новинарски прашања.
„Ние преку Економско социјалниот совет имаме поднесено просечна потрошувачка кошничка, изработена од релевантни податоци од Заводот за статистика и релевантни институции, вклучувајќи го и Министерството за економија и пазарна инспекција. Така што очекуваме повратно и од синдикатите, да имаме повратен одговор. И доколку е во ред, во наредниот период, да биде изгласана просечната потрошувачка кошничка“, рече Ристески, прашан за коментар, откако ССМ излезе со потрошувачка кошничка за месец август.
Тој нагласи дека се подобрува економската ситуација.
Ристески беше во работна посета на Кавадарци, при што се сретна со претставници на бизнис секторот и занаетчиите.






