четврток, 1 јануари 2026

Резултатите од системот „Безбеден град“ се позитивни, пратениците да го изгласаат Законот за прекршоци, бара Тошковски

За околу 20 отсто е намален бројот на сообраќајни несреќи на територија на СВР Скопје во декември 2025 споредено со декември 2024 година, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од досегашната имплементација на проектот „Безбеден град“ за што, вели тој, потврда се и бројките, нула загубени човечки животи во сообраќајни незгоди во декември годинава во однос на истиот период лани.

Објавено на

часот

Сподели

Во истите периоди има и помалку повредени и смртни случаи во сообраќајки. Како што рече, околу 35 проценти има помалку повредени лица на подрачје на СВР Скопје отколку во декември 2024 и нема жртва во сообраќајка наспроти пет загинати во 2024.

Им се заблагодари на возачите на територија на СВР Скопје „за животите коишто ги спасија тие имајќи ја предвид 2025 компарирано со 2024 година“.

„Ова е заслуга на секој што управува моторно возило согласно со сообраќајните правила и од срце им благодарам“, рече Тошковски денеска при посетата на Полициската станица Беко.

Денеска требаше да стапи во сила официјалното функционирање на системот „Безбеден град“ кој е во тест период до 1 февруари до кога треба да биде изгласан Законот за прекршоци.

Тошковски апелираше до сите пратеници во Собранието да ги имаат предвид овие параметри кои, рече, се позитивен резултат од „само тест периодот на употребата на овој паметен систем на детектирање сообраќајни прекршоци“.

„Доколку македонските граѓани покажуваат вакви резултати во позитивна насока, само во тест периодот, сигурен сум дека пратениците ова ќе го имаат предвид и во иднина и тоа како ќе овозможат ваков тип на паметен систем да имплементираме не само во рамки на тест период, и очекувам од сите 120 пратеници во Собранието да гласаат позитивно за Законот за прекршоци, којшто е со двотретинско мнозинство. Другите генерално се завршени, останаа мислам уште Законот за прекршоци и Кривичниот законик да поминат за да можеме да го затвориме пакетот закони поврзани со имплементирање на ‘Безбеден град’. Очекувам дека ќе го направат најбрзо што можат и од 1 февруари да почнеме и со официјална примена и да очекуваме во иднина намалување на бројките на жртви и вкупен број сообраќајни несреќи од непочитување сообраќајни правила во цела Македонија“, истакна Тошковски.

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од досегашната имплементација на проектот „Безбеден град“ за што, вели тој, потврда се и бројките, нула загубени човечки животи во сообраќајни незгоди во декември годинава во однос на истиот период лани.

„Морам да кажам дека ако се спореди декември 2025 со декември 2024 година ќе дојдеме до еден параметар кој нас не прави задоволни и среќни бидејќи во Скопје во декември 2024 година поради сообраќајни незгоди животот го загубиле пет лица, а оваа година ниту едно. Значи, примената на апликацијата го дава резултатот. Вкупниот број на лица кои го загубиле животот во сообраќајни незгоди во 2024 година е 142 лица, а во 2025 година е 131 лице со драматично намалување на бројката во декември. Тоа значи дека и во градовите каде нема инсталирано вакви уреди, внимателно возат, но и на автопатите каде има инсталирано ваков тип на уреди“, изјави денеска Мицкоски.

Вели дека од 1 февруари за кога се најавува официјалната примена на системот со казнување, не очекува сѐ да функционира беспрекорно, но дека системот ќе се надоградува постојано.

– Ценам дека како Влада опстојавме и покрај, јас би рекол, оној мал дел од општеството којшто го нареков талог на општеството којшто го исмејуваше сето тоа – правеше шеги на моја сметка, на сметка на Владата, имаше разноразни рилсови, но овие нула загубени човечки животи во Скопје, не прават задоволни. Сето она што беше антикампања или кампања почна со сарказам од овој мал дел од наши сограѓани, бројките ги демантираат, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кавадарци на првиот ден од Новата Година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ