петок, 25 април 2025

Ревизорите апелираат до партиите да ги исполнат обврските за финансиски известувања

Рокот за редовното годишно финансиско известување на политичките партии заврши на 30 март, а некои партии таа обврска сѐ уште не ја исполниле. Државниот завод за ревизија ги повикува политичките партии оваа обврска итно да ја исполнат.

Објавено на

часот

Сподели

„Во спротивно, согласно своите законски надлежности, ДЗР ќе поднесе предлог до министерот за правда за донесување одлука за запирање на исплатата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година за политичките партии кои нема да ги поднесат финансиските извештаи за 2024 година. Со недоставување на финансиските извештаи се влијае негативно на степенот на отчетност, транспарентност и јавност во трошењето на јавните средства обезбедени од Буџетот од политичките партии и се нарушува угледот на Република Северна Македонија пред мониторинг телата на Европската Унија и меѓународната заедница во целина“, се вели во известувањето на Државниот завод за ревизија.

Во соопштението не се наведува кои политички партии не ја изполниле оваа законска обврска според Законот за финансирање на политичките партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ