понеделник, 8 декември 2025

Ресорт Маврово најавува безбедна зимска сезона и нови авантури на снежните патеки

Денеска на Инстаграм Ресорт Маврово објави дека сајлите на жичарниците се поставуваат, дека се врши подготовка на ски-лифтовите и дека нема веќе неизвесност дали годинава ќе има скијање на Маврово.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Што ви е гајле дали ќе има скијање во Маврово? Е нема да има!“ Ова пред две недели за МКД.мк го изјави  новиот сопственик на Ресорт Маврово Љубе Кутлешовски од Австралија.

Сепак, само две недели подоцна од Ресорт Маврово доаѓаат поповолни информации. „Интензивно работиме на средување на сајлите за да обезбедиме беспрекорни услови и безбедна сезона. Се подготвуваме за нови зимски авантури. Сајлите се поставени, зимата може да почне. Пред нас е почетокот на една нова сезона“, објави на Инстаграм Ресорт Маврово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ