Меморандумот за соработка има за цел да воспостави тековна соработка помеѓу двете институции за обезбедување на земјоделско земјиште во државна сопственост за вршење на земјоделска дејност од страна на стопанско-инструкторските одделенија формирани во рамките на секторите за ресоцијализација во состав на казнено-поправните установи.
„Оваа иницијатива претставува значаен чекор во процесот на ресоцијализација и професионална обука на осудените лица, овозможувајќи им да стекнат практични вештини во земјоделството“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Соработката ќе придонесе за подобрување на условите за ресоцијализација и подготвување на осудените лица за успешно враќање во општеството по извршувањето на казната.






