Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223 денари, во споредба со 110.576.324 денари во првиот квартал од 2024 година и вториот квартал од 2025 година наплатени беа 286.355.517 денари, а истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133.576.534 денари.
Збирно, за деветте месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 931.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси и претставува зголемување за два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година.
Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што сè уште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот, во спротивно ризикуваат со раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите. Владата на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во изминатиот период има донесено вкупно 46 одлуки за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, а дел од нив се поради неплаќање на концесискиот надоместок согласно утврдениот тарифник.
„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли – редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски; писмени опомени и санкции – испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите“, истакнуваат од МЕРМС.
Исто така, за рекордната наплата значителен придонес има и новиот тарифник, воведен од 1 јануари 2025. Со него зголемена е висината на надоместоците до 100%, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси.
„Овие измени не се однесуваат на енергетските минерални суровини, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.
Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Овие средства се инвестираат во: поголеми буџети за општините, инвестиции во комунална инфраструктура, проекти за енергетска транзиција и одржлив развој, како и проекти за заштита на животната средина.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници“, се наведува со соопштението на МЕРМС.






