понеделник, 8 декември 2025

Рекордни 7.468 патници во едно деноноќие на граничниот премин Блато

Продолжува постојаниот раст на проток на патници на граничниот премин Блато на македонско – албанската граница, кај Дебар.

Објавено на

часот

Сподели

Според албанските гранични власти само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 7.468 патници, што е најголема бројка евидентирана во едно деноноќие.

„Поради екот на туристичката сезона протокот на патници се зголемува секојдневно. По вчерашниот рекорден проток, денеска очекуваме уште поголем број на патници и возила“, изјавиле од граничната полиција.

Додаваат дека и полициските и царинските работници ангажирани се со целосна подготвеност, за да гарантираат брза, гостопримлива и високоинтегритетна услуга за секој граѓанин и посетител што влегува на или излегува од албанска територија.

Преку овој премин, кој е на четири километри од градот Дебар, минатиот викенд, 2 и 3 август, според македонското МВР,  минале вкупно 13.603 патници, од нив 4.562 македонски и 9.041 странски државјани.

Во првата половина од годинава забележана е историски рекордна фреквенција од отворањето на преминот во 1992 година. Така, за шест месеци минале 574.737 што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога се регистрирани 370.827 патници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ