недела, 6 април 2025

Рекорден буџет на Општина Битола, 20 милиони евра за капитални расходи

За годинаva Општина Битола има рекорден буџет за капитални расходи. Вкупниот буџет е 2,57 милијарди денари од кои оперативен 1,17 милијарди денари или 41,8% (20 милиони евра) е оперативен и е наменет за капитални расходи.

Објавено на

часот

Сподели

„До крајот на април, лоциравме 32 проекти. Најголем дел се повторно инфраструктура. Во делот на спортот, 10 спортски игралишта ќе ги реконструираме и санираме. Две спортски сали во рамките на училиштата како проекти од една друга влада пред претходната. Шест паркинг простори, ново училиште или помал објект кој ќе го надополни предизвикот со училиштен простор во „Буковска населба“. Атлетска патека со која ќе да се дополни стадионот“, вели Тони Коњановски, градоначалникот на Битоа за проекти од делот на спортот со кои градот ќе аплицира на априлскиот рок за проекти на општините.
Коњановски ги објаснува предизвиците со кои се соочува во текот на манадатот и тековните проекти и активности што се реализираат во Општина Битола.
„Од есенскиот повик имаме 16 прифатени проекти со комплетна завршена документација, од кои 13 се инфраструктура, изградба на 10 км коловоз, 6 км водоводна инфраструктура и многу улици. Фекална и атмосферска канализација 3 км, меѓутоа имаме и 2 во делот на спортот. Во делот на спортот инвестираме многу, а еден проект користиме да ја докомплетираме јужната трибина на стадионот и центар за спорт и рекреација, во кругот на комплексот ‘Петар Милошевски’, една руинирана боксерска сала како што ја знаат битолчани, која ќе биде повторно наменета за спортови, боречки вештини и бокс, бидејќи имаме победници и шампиони – проект кој ќе значи многу во делот на спортот. Во делот на образование и наука во министерството, енергетска и ефикасна фасада на ОУ ‘Стив Наумов’ што е од претходниот повик. Тоа се четири милиони евра инвестиции во тој дел“, заокружи Коњановски за ефективната употреба на проектите добиени од Влада од страна на Општина Битола.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ