понеделник, 16 март 2026

Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ на 8 април во Охрид

Учесниците од Охрид и Дебрца на 26-от републички натпревар „Млади библиотекари“, што традиционално го организира Библиотерското здружение на Македонија, ќе бидат избрани на регионалниот избор што ќе се одржи на 8 април во Националата установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Право на учество на натпреварот имаат членовите на библиотеките на Основните училишта од Охрид и Дебрца до 14 годишна возраст.

За подготовка учесниците на натпреварот треба да го користат прирачникот што за кандидатите за натпреварот „Млади библиотекари“ го издаде Библиотекарското здружение на Македонија, според кој ќе се формираат и прашањата.

Прашалникот на регионалниот натпревар ќе се состои од 20 прашања на кои кандидатите писмено ќе одговараат во временска рамка од 60 минути. Натпреварувачите се потпишуваат со шифра. Основните училишта од општините Охрид и Дебрца  најдоцна до 27-ми овој месец треба  да ја информираат Библиотеката за учеството и бројот на натпреварувачите.

Победникот  од натпреварот се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар, што годинава ќе се одржи на 15 мај во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ