понеделник, 15 декември 2025

Реформа на Мој Термин најави министерот за здравство, Азир Алиу

За предизвиците во функционирањето на системот Мој Термин и новините кои се планирани во оваа област разговарале денеска на средба министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани.

Објавено на

часот

Сподели

„Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој Термин, со цел креирање поедноставен, побрз и подостапен систем. Правиме платформа што не создава бариери, туку отвора врати, што функционира во реално време и им дава на граѓаните сигурност дека се приоритет“, изјави министерот Алиу.

Според Алиу, многу скоро оваа промена граѓаните ќе ја почувствуваат не само на екраните, туку и во нивното секојдневие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ