Обуката беше наменета за национални и јавни установи вклучени во проектот „Европска престолнина на културата Скопје 2028“ и беше фокусирана на процесите и обврските кои ќе се реализираат во наредните години.
Реџеповиќ истакна дека суштината на Европската престолнина на културата е соработката и вклучувањето на сите сектори на општеството, нагласувајќи дека станува збор за многу повеќе од културни настани.
„Европска престолнина на културата е можност градот да генерира значителни културни материјални и економски придобивки и може да помогне во потикнување на урбаната генерација, промена на имиџот на градот и подигнување на неговата видливост и профил на меѓународно ниво, вдишување нов живот во градската култура и зајакнување на туризмот“, вели Реџеповиќ.
Таа нагласи дека целта на иницијативата е европска интеграција преку согледување и славење на културната разновидност, како и обезбедување економска корист за градот и регионот.
„Целта на Европската престолнина на културата е европска интеграција, да се согледа и да се слави културната разновидност и меѓународниот профил на градот. Ова е наменето и за да се оствари економска корист и да се осигураме дека сите во градот – таксистите, продавачите, чистачите, се дел од она што Европската престолнина на културата има за цел да го постигне“, вели Реџеповиќ.
Според неа, проектот отвора простор за меѓусекторска соработка и вклучување на уметниците во различни области, со цел поттикнување креативно и иновативно размислување.
„Европската престолнина на културата му дава на градот можност да соработува меѓу области во кои вообичаено не би соработувале, а двете главни цели се чувството на припадност кон заедничка културна област и промовирање на вредноста на културата за градот и регионот“, вели Реџеповиќ.
Проектот „Европска престолнина на културата Скопје 2028“ предвидува повеќегодишен процес на подготовка и реализација, со вклучување на институциите, граѓаните и приватниот сектор, со цел долгорочен културен, социјален и економски развој на градот.






