недела, 14 декември 2025

Реџепи тврди дека седницата на Комисијата за АНБ е поништена, Пренџов бара влез во Агенцијата

Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска на прес-конференција рече дека денешната седница не била одложена, туку поништена и најави дека ќе постапува само согласно Деловникот на Собранието. Љупчо Пренџов од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието изјави дека не ја разбира денешната прес-конференција на Реџепи и предложи во вторник пртениците преку Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) да влезат АНБ и да се види што се случувало таму.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

– Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието, кој исто како Владата, која секојдневно ги прекршува и Уставот и законите, сакајќи да ги имитира и нив очигледно и претседателот на Собранието сакал да свика седница, без претходно да биде поднесено барање до мене како претседател на Комисијата за агенцијата за национална безбедност, рече Реџепи.

Деловникот е јасен, рече Реџепи, дека тој ја свикува седницата по барање од една третина од членовите на комисијата или по барање на претседателот на Комисијата.

„До мене ниту вчера, ниту денеска не е стигнато такво барање, ни до Комисијата, ниту од претседателот на Собранието затоа денешната седница не беше одложена, туку поништена бидејќи е против Деловникот и седница ќе свикам јас кога за такво нешто ќе има барање. Жалосно е што станавме банана држава, во која секој секого прислушува и во која секој знае за тоа. Како може премиер да има такви информации дека е прислушувам кога се знае дека државните безбедносни служби класифицираните информации се знае по кој ред на законот се изнесуват во јавноста и затоа јас нема да бидам дел од еден ваков скандал“, рече Реџепи, нагласувајќи дека ќе постапува само согласно Деловникот.

Одговорајќи на новинарско прашање зошто до него не е доставено барање, изјави дека вчера ги контактирал сите служби кои, како како што рече, истовремено велат дека поднеле приговор кон Кабинетот на претседателот на Собранието дека такво барање е против Деловникот.- Јас имам потполно право да поднесам пријава против него и тоа му го пренесов нему преку нашиот координатор и затоа тој денеска мораше да ја поништи седницата, рече Реџепи, додавајќи дека доколку денеска се одржел состанокот, ќе поднел кривична пријава.

Прашан за безбедносниот сертификат, Реџепи вели дека 10 или 11 месеци се уште нема одговор зошто тој и неговиот заменик на комисијата, немаат сертификат и додаде дека нема портреба од проверки.

„Во Словенија мандатот на пратеникот почнува и со безбедносен сертификат. Нема потреба од проверка. Истото важеше и за претседателот на Собранието, се изгласа и автоматски доби безбедносен сертикфикат, без да биде проверн во нашата држава“, додаде Реџепи.

Љупчо Пренџов од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието изјави дека не ја разбира денешната прес-конференција на пратеникот Скендер Реџепи од Европскиот фронт. Предложи во вторник, на 9 септември во 9 часот пртениците преку Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) да влезат во АНБ и да се види што се случувало таму, а сѐ друго, како што рече, е обичен фоклор.

„По нашиот повик за итна седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, односно утврдување на датум за посета на Агенцијата национална безбедност, сите политички чинители беа „за“. Второ, актуелниот претседател на Комисијата Скендер Реџепи од Европскиот фронт на ДУИ, веднаш по мене имаше прес-конференција на која што кажа дека тој нема да свика Комисија, дека нема ништо против да ја свика Комисијата претседателот на Собранието Гаши и тоа нема да биде првпат. Зошто? Затоа што пред неколку месеци ние имавме седница на Комисијата, што ја водеше пратеник од опозицијата, а тоа е колешката Славјанка Петровска“, рече Пренџов.

Најави дека ќе побара прием кај претседателот на Собранието, Африм Гаши и со службите да види како тоа правно да се заврши. Императив е, како што рече, денеска да има седница на Комисијата.

„И затоа не ја разбирам оваа денешна прес-конференција. Она кое што е императив, наш императив, е на деветти, во девет часот наутро, Комисијата за надзор да биде во АНБ. Значи, првиот работен ден од денес, Комисијата да биде во АНБ со цел да се запознае со сите списи и сите документи за оно што се случувало. Се друго, освен тоа, е изигрување на волјата на граѓаните и на јавниот интерес бидејќи најбрзо посета во АНБ е дел од јавниот интерес. Дали ќе има денес Комисија во 14, во 18 или во 22 часот, дали кај ја води Скендар Реџепи или госпоѓата Славјанка Петровска, е техничка работа. Суштинска работа е, првиот работен ден од денес, вторник во девет наутро Комисијата да биде во АНБ“, појасни Пренџов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ