недела, 13 јули 2025
Сезона на одмори

Редици на граничниот премин Богородица, се чека по 40 минути за влез во Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 30 – 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Објавено на

часот

Сподели

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ