понеделник, 14 јули 2025

Ребалансот на буџетот во Собрание најдоцна до 25 јуни

Министерството за финансии интензивно работи на ребаланост на буџетот и во тек се разговорите и преговорите со останатите министерства, информираше денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Објавено на

часот

Сподели

Преговорите со министерствата се почнати од пред два дена. Ребалансот е во поготовка и како што рече можеби за две недели од денеска може да зборува посериозни бројки во ребалансот на буџетот.

„Ребалансот на буџетот треба да се најде најдоцна до 25 јуни во собраниска процедура“, изјави Димитриеска Кочоска.

Прашана каде ќе се крати најмногу, Димитриеска Кочоска одговори дека токму сега преговараат со министерствата и не може во моментов да говори за овој аспект, а во однос на проекциите на буџетот дали ќе ја задржат истата проекција, или ќе одат нагоре, или надолу, министерката Димитриеска Кочоска со одговор дека „нагоре нема да одиме“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ