вторник, 8 јули 2025

Ребалансот на буџетот во Собрание на 2 јули

Расправата во Собранието по предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува на 2 јули на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Објавено на

часот

Сподели

Со предлог-ребалансот што го усвои Владата на 19-ти, месецов вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП.

„Измените и дополнувањата на буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика која ја водиме во изминатата година и со која обезбедуваме консолидација и стабилизирање на макроекономската состојба. Економската активност добива на динамика и забрзува, таквиот тренд ќе го одржиме и во наредниот период со политиките кои се планирани со ребалансот. Дисциплинираниот пристап во управувањето со јавните финансии ќе продолжи, буџетскиот дефицит останува непромент и во апсолутен износ и како процент од БДП и е понизок од остварениот дефицит минатата година. Внимателен и сериозен пристап применуваме и во управувањето со јавниот долг, а за тоа најважен показател е намалувањето од 36 милион евра регистрирано во првиот квартал од 2025 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата на која го претстави предлог-ребалансот на буџетот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ