„Повторно има пожар. Екипите на кумановската подружница на Македонски шуми се на терен, потврди заменик-директорот на претпријатието“, Кире Михаилов.
Минатата недела речиси постојано имаше пожар на оваа локација. Беше зафатена нискостеблеста, деградирана, но и дабова шума на тешко пристапен терен.
Во гасењето на пожарот покрај екипи на Национални шуми беа вклучени и хеликоптер и авиони кои интервенираа од воздух.






