недела, 11 јануари 2026

Реакција на Стоилковиќ на СДСМ: Сироти мали хрчки

Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат на моето родољубие, напаѓајќи го мојот народ и мене без причина. Но, не го разбирам безбожништвото со кое го прават тоа, се вели во реакцијата на вицепремиерот Иван Стоилковиќ на соопштението на СДСМ за неговото приуство на прославата на Денот на Свети Стефан на Денот на Република Српска во Бања Лука. „Ова е доказ за сè што зборува СДСМ и за поврзаноста на ВМРО на Мицкоски и СНС на Вучиќ… Дали Стоилковиќ е офицер за врски со СНС и Русија во владата на Мицкоски?“, соопштија од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Неговата реакција ја пренесуваме во целост:
„Лауреатите на идентитетскиот геноцид врз својот народ и родената држава – кои народот сѐ повеќе ги препознава како политички абортуси, а македонскиот народ како фабричка грешка во националниот код, збрлавена глутница на изгубени души собрани ‘еден од ваму, друг оттаму’ и втерани во некогаш, нели славниот СДСМ, исклучиво заради личните интереси на највалканиот меѓу нив, желни за ронка внимание од македонската јавност, особено онаа патриотската, денес мене (во последно време нивната омилена тема, Вучиќ, Србија, српскиот народ) ми се настрвија, божем заради тоа што на Денот на Свети Стефан присуствував на прославата на Денот на Република Српска во Бања Лука. Oва го правам откако е воведен овој празник, и тоа воопшто не ме поколеба во мојот став, никогаш и по никоја цена да не ги загрозам интересите на македонската држава и на македонскиот народ по кое било прашање, како политичар, а пред сè како човек, за разлика од некои други, туку да се борам за нив насекаде, вклучувајќи го и овој собир. Инаку на овој собир меѓу другите присуствуваа и Род Благојевиќ, еден од блиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, Едвард Хусон, универзитетски професор и геополитички аналитичар, како и многу други светски познати интелектуалци.
Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат на моето родољубие, напаѓајќи го мојот народ и мене без причина. Но, не го разбирам безбожништвото со кое го прават тоа. Но, веројатно е така кога Сонцето го гледате од Пеколот во кој самите сте се вовлекле и каде што не ви преостанува ништо друго освен да истурате салви гнасотии врз подобрите од себе и врз оние помили на народот. А што се однесува до придобивките од мојата посета на Бања Лука, цела Македонија има корист што видлива што невидлива од овие контакти вклучително и вие, кутри, мизерни , ‘Сироти мали (профитерски) хрчки’“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ