
„Професорот Апасиев прави споредба на резултатите од анкетата од септември лани со резултатите на Левица остварени на изборите за кои вели дека биле ‘безмалку 7%’. Господинот би требало да знае дека на избори не излегуваат оние што рекле нема да гласаат, а кога се проектираат изборни резултати од анкета се отстрануваат и оние кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниту една партија. Така според посочената методологија проектираниот резултат на Левица на локалните избори 2025 во анкетата на Маркет вижн е 6,9%.
Според ДИК, на изборите излегле 834.440 граѓани, а од нив на листите за совет, каде јасно може да се види партиската ориентација, за Левица гласале 56.287 што изнесува приближно 6,7%.
Еве како треба да се изврши пресметката.

Значи, резултатот во анкетата на Маркет вижн прилично точно е превиден резултатот на Левица, дури и микроскопски преценет.
Бројките најдобро зборуваат за професионалноста и точноста на агенцијата, а на господинот Апасиев му стоиме на располагање да му помогнеме за толкување и објаснување на резултатите од статистички аспект“, се вели во реакцијата.






