„Избраните претставници во Собранието на Р.Македонија имаат легитимитет и право да остваруваат средби со секој добронамерен поединец или делегација, а сѐ со цел да се искористи потенцијалот за размена на мислења околу меѓународните теми и да се потенцира ставот дека мирољубивиот дијалог за кое било прашање е подобар од какви било можни воени тензии или воени конфликти. Во тој дух и во знак на благодарност за нивната поддршка на Универзитетската клиника за педијатрија, беше остварена и средбата со претставниците од Канцеларијата официјален Тајпеј во Рим, а на која учество земаа пратениците Рашела Мизрахи, Фатмир Битиќи, и мојата маленкост, Антонијо Милошоски.
И на крајот, различните мислења и ставови се нешто вообичаено во секое демократско општество, па затоа сметам дека и од претставниците на НР Кина ваквите средби ќе бидат разбрани како можност за добивање на повеќе информации за теми кои го привлекуваат вниманието на пошироката меѓународна дипломатска јавност“, се вели во реакцијата на Милошоски.






