четврток, 12 јуни 2025

Реакција на Клековски на ДУИ, нема руска закана, Велика Британија и САД се први партнери на Владата

Првите надворешно-политички чекори на новата Влада се со САД и Велика Британија, што директно ги побива параноичните кампањи на ДУИ и СДСМ за наводна руска закана и проруска ориентација на ВМРО-ДПМНЕ, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Клековски во вчерашното гостување на ТВ Алфа.

Објавено на

часот

Сподели

„Со договорот со Велика Британија се обезбедуваат финансии за значајни сектори за Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати нагласува дека здравството е еден од врвните приоритети за оваа Влада и тоа се покажува на дело. Во првиот пакет проекти кои се договараат се завршувањето на Клиничката болница во Штип, зграда за Медицинскиот факултет и нов студентски дом во Штип, како и завршување на кичевската болница која заедно со струмичката болница е рекордер по должината на градење, двете се почнати пред повеќе од 30 години. Се планира и реконструкција на Клиничката болница во Тетово“, рече Клековски.

Тој посочи дека финансиската рамка од 6 милијарди евра, од кои во првата фаза ќе се искористи една третина, покажува дека Министерството за финансии внимава на нивото на задолжување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ