Без никаква срамежливост, се промовира наратив дека „градоначалничката тепала маж – командант, сред Чаир“, што претставува брутална манипулација со вистината и обид за замена на тези.
Град Скопје институционално и јавно прашува: како е можно МВР да не ги забележува над 150 небезбедни дивоградби, згради на по 12 ката, кои континуирано се пријавувани, но сепак продолжуваат да се градат? Дали ова е новиот начин на спроведување на „правдата“?
„До каде е ветувањето дека ќе бидете подобри од претходните? Тие, велите, не постапувале две години – но вашата прва година на власт изгледа идентично. Наместо реформи и правда, институциите повторно се користат како заштита за политички сојузници. Очигледно е дека единствената мисија на МВР под водство на оваа власт е – заштита и одбрана на Висар Ганиу. Сѐ друго е параван“, се вели во реакцијата.