петок, 5 декември 2025

Реакција на бугарското МНР по нападот врз Перев во Скопје

Категорично осудуваме уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Македонија – феномен, за жал, поттикнат од моменталната социо-политичка атмосфера и антибугарската реторика. Oва е дел од раекацијата на Софија по вчерашната информација дека македонскиот државјанин Владимир Перев, Бугарин, бил нападнат на улица. Според Перев, напаѓачот, двојно помлад од него, го удрил во лицето, му ги скршил очилата и извикал: „Бугарите да одат во Бугарија!“, заканувајќи му се и со бесење, токму затоа што е Бугарин.

Објавено на

часот

Сподели

Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осуди физичкиот напад врз 80-годишниот новинар и активист Владо Перев, еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија, кој во центарот на Скопје бил нападнат од непознат маж.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, веднаш стапил во телефонски контакт со повредениот Перев и му ветил целосна поддршка.

„Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда. Потсетуваме дека европскиот пат на земјата бара целосно и совесно спроведување на европскиот компромис од 2022 година, вклучително и почитување на заедничките вредности и гарантирање на правата на македонските Бугари“, се вели во реакцијата на бугарското МНР.

Министерството за внатрешни работи на Македонија потврди дека случајот е пријавен и дека се преземаат сите мерки за идентификација и приведување на сторителот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ