Ако нѐ фатат без возачка од Северна, дали ќе може казната да ја платиме со пари на кои пишува Република Македонија?
И парите не важат веќе?
Овие пари важат од утре за плаќање или за палење ќумбе да ги користиме?
Нашите прадедовци кренаа востание ‘903-та за угнетувањето и тиранијата. Нашите дедовци водеа битки со „администратори“, фашисти, нацисти. А за кои битки ние ќе им кажуваме на нашите внуци? За битките и нападот на „участокот“ да извадиме пасош или лична карта. Катастрофа, каков народ таква власт.
Тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност подолго од 12.02.2024 иако знаел дека важноста на истите е до 12.02.2024, на 13.02.2024 сабајле во 8 часот треба да биде во Јавно обвинителство.
Мене ме интересира дали можам да ја тужам државава тоа што ми издадоа лична карта на 15.11.2019 со старото име, за сега да ме газат и да ме тераат наново да вадам при веќе валиден документ, на мој трошок? Има ли луѓе да направиме заедница и да се организираме?
Ко за држава во која пола од возачите ладно возат со забрана, две, три…
Утре кога ќе се разбудиме ќе ни кажат дека било скриена камера.

Сега ми е јасно зошто со леснотија им ги менувале имињата и презимињата на нашите предци. Полуписмени, необразовани, без заштита, ги терале да менуваат документи! Еве нѐ нас, децении после нив, образовани, едуцирани, чекаме како јагниња на колење да ни кажат што треба да смениме!
Од документи имам сè ново, па и табличка. Само држава немам.
Чекајте другари, ако имам меѓународна возачка дозвола и пасош со Северна, значи може да патувам надвор ама не и во Македонија? Или нешто пак не сум сфатила?
Па и шеговити:
Сите кредити заверени на нотар на кои не им пишува Северна Македонија од вторник нема да важат.
Сите бракови на кои на венчаниците не им пишува Северна Македонија, од полноќ на 12.02.2024 нема да важат.
Последна информација, после пасошите, личните карти и возачките дозволи и изводите за склучен брак на кои не пишува Република Северна Македонија од 12.02.2024 во 24:00 нема да важат, па према тоа сметајте дека државата ве развела. А за монетите и новчаниците се чека нова информација.
Стани Ољо да те види сала! pic.twitter.com/8kra3ygM3v
— p|ps 👌 (@m0rban) February 12, 2024
А ако ме фатат на Водно при љубовен чин во возило, а јас имам стара возачка, каква казна ќе ми пишат?
А за ова со пасошиве да ги обвиниме Русите?
Клетите Американци се криви, што ти е.







