Беџети беше ставен на црната листа на САД заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој сега е во бегство. Во случајот на Беџети, како главна причина за црната листа беше наведено мито при неговото одлучување за предметот против Сашо Мијалков за масовното нелегално прислушување. Предметот застаре откако беше заборавен во фиоката на Беџети.
Разрешен Енвер Беџети, судијата од црната листа на САД
На затворениот дел од денешната седница Судскиот совет го разреши апелацискиот судија Енвер Беџети. Откако лани беше ставен на црната листа на САД, Беџети првично беше казнет парично. Тој 9 месеци го чуваше предметот Таргет Тврдина во кој еден од обвинетите беше Сашо Мијалков.

Објавено на
часот