понеделник, 15 декември 2025

Разочарувачки одѕив на 16-от Марш на ангелите во Кочани, родителите прашаа за постапката што ЈО ГОКК ја води за 20-те полициски службеници

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на саботниот 16-ти Марш на ангелите пред зградата на Полициската станица во Кочани побараа одговор од ОЈО ГОКК, кое ја води постапка за над 20-те полициски службеници од ОВР Кочани и СВР-Штип, до каде е истрагата за нив и формирање на обвинителен предлог.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да ги прашаме до каде е постапката на ОЈО ГОКК или чекат одмори, да си одведат нивните деца на  одмор, на вода, а ние на нашите деца врз гробовите да им фрламе вода за да ги освежеме. Блазе си им, нека им служи на чест, оти развлекуваат само“, вели мајка на загинато момче.

На вчерашниот Марш на ангелите главната порака им беше „Слушнето го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“. Родителите и семејствата на загинатите деца што учествуваа на протестниот марш се револтирани што нивниот настан денеска имаше убедливо најслаб одѕив. Револтирано им се „заблагодарија“ на поддршката на граѓаните и семејствата кои имаат настрадано деца, а денеска не учествуваа на маршот кој почна во 18.05 часот од Паркот на револуцијата до пред зградата на Судот и Обвинителството во Кочани.

Една од мајките пред зградата на Општина Кочани истакна дека на вчерашниот 26 јули се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој однесе голем број на човечки животи и направи материјални штета. Посочи дека на денешниот Марш на ангелите им одаваат почит на загинатите во земјотресот во Скопје во 1963 година, но истовреме се сеќаваат и на оние кои помогнале да се обнови градот Скопје.

„Но, пред четири месеци се случи најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Пожарот во кој поради затајување на институциите 62 деца беа пеплосани и над 200 беа повредени со трајни психички и физички последици и уште 300 деца, кои не се споменуваат, а кои беа таа вечер, за среќа без физички повреди, но ќе останат трајно со траума и ужас од таа кобна ноќ, 16 март 2025, која ќе ги следи цел живот. Таа ноќ ќе го следи Кочани, засекогаш. Трагедија која наместо да нè сплоти, обедини, за да не се повтори, таа ни донесе уште дополнителни удари од општествената струка во која живееме“, рече мајка на загинато дето пред зградата на Општина Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ