Изминатиов период има многу гласини за иднината на Маурисио Покетино во Париз и се говори дека стратегот летоска ќе замине од „Паркот на принцовите“.
Зинедин Зидан се најавува како негов наслендик, и одредени извори велат дека тој веќе разговарал со раководството на ПСЖ како ќе изгледа тимот.
Се шпекулира дека Зизу веќе ја одредил својата прва трансфер желба и побарал ангажман на Кристијано Роналдо, со кого соработуваше во Реал Мдрид.
ПСЖ во минатото во неколку наврати неоспешно се обиде да го ангажира Кристијано Роналдо, но се верува дека сега ситуацијата е сосема поразлична и ЦР7 е привлечен од идеата да креира спектакуларно трио во нападот покрај Лео Меси и Нејмар.






