Жоржињо промаши пенал и во Швајцарија и во Италија против Швајцарците. Италијаните не ги добија овие мечеви и завршија на второто место во групата поради што мораа да го играат мечот со Македонија кој го загубија.
Промашените пенали на Жоржињо денеска ја добија вистинската вредност, тој вели дека ќе го прогонуваат до крајот на животот.
„Тешко е да се објасни што се случи. Боли многу. Доминиравме, создадовме многу шанси, за жал не ги искористивме“, вели Жоржињо.
„Ме боли, се уште мислам на промашените пенали, тоа ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Двапати имав шанса и не успеав да му помогнам на тимот и на земјата, тоа ќе го носам со мене до крајот на животот, ќе ми тежи“.
„Луѓето велат дека треба да ги кренеме главите гори и да продолжиме, но тешко е“.






