Жоржињо синоќа доживеа клупско разочарување откако на Стемфорд Бриџ со Челси загуби од Реал Мадрид со 3-1.
По натпреварот Жоржињо беше прашан и дали го преболил поразот од Македонија, тој рече:
„Не, се уште не. Ќе треба време, тоа нè боли сите нас. Мораме да продолжиме понатаму, но тоа е тага која останува внатре. Мора да ја искористиме како мотивација за да бидеме подобри во иднина, да ја искористиме оваа болка во наша полза“.
Неуспехот на Италија му создава посебна болка на Жоржињо ако се знае дека во квалификациската група тој промаши пенали и на двата меча против Швајцарија која на Мундијалот замина како првопласирана.






